Канада, како една од најпопуларните студиски дестинации, нуди уникатни Work and Study програми, кои им овозможуваат на меѓународните студенти комбинација на теорија и пракса, така што по завршувањето на програмата, студентите се во можност да стекнат сеопфатно знаење, но и единствена можност да се поврзат со канадските работодавци.
Work and Study програмите, познати како Co-Op програми во Канада, се студии насочени кон стекнување на практични вештини и учење преку пракса. Програмата се состои од два дела, теоретски и практичен дел, и е дизајнирана така што студентите прво посетуваат теоретска настава, обично во период од 6 или 12 месеци, а потоа работат во канадски компании во истото времетраење, за да стекнат практично искуство во областа на студирање.
Канадските образовни институции, по теоретскиот дел, им помагаат на студентите да најдат работа преку нивните партнери во избраната индустрија.
Work and Study се програми на ниво на стручни студии, кои според нивото на образование доаѓаат по средното училиште, а пред основните академски студии. Студиските програми најчесто се нудат во областа на бизнисот, менаџментот, маркетингот, угостителството, туризмот, дизајнот итн.
За време на теоретскиот дел, студентите можат да работат 20 часа неделно, а за време на практичниот дел можат да работат неограничено, што е одлична можност не само да стекнат работно искуство во Канада и да остварат контакти во индустријата, туку и да ги покријат трошоците за живот за време на нивниот престој во Канада.
Work and Study програмите можат да траат од 6 месеци, па се до 2 години.
Почетокот на програмата е флексибилен и се нуди неколку пати во текот на годината. Некои образовни институции за одредени Work and Study програми нудат почеток на месечно ниво.
За упис на програмата, студентите мора да исполнуваат два услови:
Школарините се движат од 7,000CAD и се плаќаат на рати. Износот на школарината зависи првенствено од должината на програмата, како и од образовната институција.
Процесот на упис на Work and Study програма во Канада се состои од 3 чекори:
1. Советување и планирање
Првиот чекор е да се испланира процесот, да се направи временски и финансиски план и да се утврди кога студентот сака да започне студии, каде сака да студира, а потоа да ја најде соодветната институција и програма.
2. Упис
По утврдениот план, потребно е да се подготви апликација за упис и да се проследи заедно со пропратната документација до избраната образовна институција. Доколку уписот е успешен, образовната институција издава понуда (Letter of Offer). За да може студентот официјално да се запише на студии, потребно е да ја прифати понудата и да се плати првиот дел од школарината, по што образовната институција издава потврда за упис (Letter of Acceptance), документ кој што е неопходен за аплицирање за виза.
3. Подготвување на апликацијата и аплицирање за виза
Последниот дел од постапката е подготовка на апликацијата и аплицирање за студентска виза. Студентот треба сериозно да се посвети на подготовката на апликацијата за виза и внимателно и детално да ги подготви потребните документи, а за ова е потребно добро да се запознае со условите за виза. Апликацијата за виза се поднесува онлајн преку официјалната веб-страница на Службата за имиграција на Канада, а по поднесувањето на апликацијата, студентот мора лично да оди во најблискиот VAC центар (Visa Application Centre) за да достави биометриски податоци. Ако резултатот од апликацијата е позитивен, пасошот се испраќа до надлежната амбасада на скрининг и добивање налепница во пасошот.
Бизнис центар Евроцентар
Македонска 30, Белград 11000
Пон-Пет: 09:00 - 17:00