ElenaSimic.net

Курс по англиски јазик во Австралија

Курс по англиски јазик во Австралија


Курсот по англиски јазик е една од најпопуларните опции за студирање во Австралија.

Предности на курсот по англиски јазик во Австралија

  • Ако не сте сигурни во своето знаење на англискиот јазик или ја немате добиено потребната оценка на IELTS тестот, курсот по англиски јазик може да биде вистинскиот избор за вас бидејќи за упис на овој курс не е потребно полагање на IELTS тест. 
  • Имате можност да започнете со курсот секој понеделник во месецот
  • Можете да го усовршите познавањето на англискиот јазик многу побрзо отколку кога би посетувале курс по англиски во вашата матична земја
  • Можете да го искористите учењето на англискиот јазик како период за да се прилагодите на новиот начин на живот, новата култура и оддалеченоста од семејството
  • По завршувањето на курсот по англиски јазик, можете да ја продолжите визата од Австралија и да продолжите со студиите

Опции за учење англиски јазик во Австралија

Постојат различни типови на курсеви по англиски јазик, и овие се некои од најпопуларните опции кои што им се достапни на студентите:

  • General English - Овој курс е првенствено наменет за студенти со основно ниво знаење на англискиот јазик. Ако целта ви е да го подобрите знаењето на англискиот јазик за секојдневна употреба, патувања, деловни цели или да стекнете основно ниво на знаење кое можете дополнително да го надградите, овој тип на курс е најдобрата опција за вас.
  • English for Academic Purposes - Курсот по англиски јазик за академски цели е вистинскиот избор доколку сакате да го продолжите вашето образование на некој од универзитетите или колеџите во Австралија. На овој курс ќе го добиете потребното знаење за да можете понатаму лесно да ја следите и учествувате на предавањата на понатамошните студии.
  • IELTS Preparation - Ако планирате да полагате IELTS тест за понатамошни студии или усовршувања во кариерата, но претходно ви е потребна подготовка, можете да запишете ваков тип на курс. Покрај подготовките за IELTS тест, постојат курсеви за подготовка на други видови на меѓународно признати тестови по англиски јазик, како што се CAE, CPE.

Битни информации и услови за курс по англиски јазик во Австралија


Адреса

Бизнис центар Евроцентар
Македонска 30, Белград 11000

Работно време

Пон-Пет: 09:00 - 17:00

Е-пошта

contact@elenasimic.net