Дали е потребна студентска виза за студирање во Шпанија и каков тип на виза е потребна, зависи од земјата на вашиот пасош и колку долго сакате да студирате. На студентите кои доаѓаат од Европската унија, Европската економска област и Швајцарија не им е потребна студентска виза за студирање во Шпанија, и само треба да го пријават престојот за да добијат дозвола за престој (НИЕ).
Студентите од трети земји мора да имаат соодветна студентска виза. За програми кои траат од 3 до 6 месеци, потребна е краткорочна студентска виза, а за студенти кои запишуваат студии кои што траат подолго потребна е национална, односно долгорочна студентска виза. Студентите со долгорочна виза по пристигнувањето во Шпанија мора да аплицираат за студентска картичка за странци (ТИЕ), која представува дозвола за престој.
Постапката за аплицирање и добивање на студентска виза бара посветеност, знаење и детална подготовка, со цел целиот процес да се одвива непречено и успешно. Со долгогодишната работа со студенти, имам доволно искуство и знаење и можам да ви помогнам водејќи ве низ целиот процес, од уписот до аплицирањето за виза.
Шпанија е една од најпопуларните европски студиски дестинации, која им нуди на студентите врвен образовен систем, голем избор на студиски програми од сите области на студии и квалификации кои се признати и ценети низ целиот свет. Во Шпанија, сите програми се нудат на шпански јазик, а покрај тоа има и голем избор на програми на англиски јазик. Покрај квалитетното образование, Шпанија привлекува голем број студенти поради поволните школарини и возбудливата медитеранска средина.
Постојат различни опции за студирање во Шпанија:
* Future Option е консултантска агенција која обезбедува стручна помош при аплицирање за привремени визи кои ви овозможуваат посета и студирање, како и за веренички и партнер визи за Австралија кои ви овозможуваат траен престој.
* Информациите на страницата, поврзани со работа или миграција во странство, се само за информативни цели.
Одрекување од одговорност: Future Option не се занимава со посредување и наоѓање на работа во странство. Future Option не е агент за вработување или давател на услуги за вработување. Future Option не нуди консултантски услуги за работа во странство.
За шпанската студентска виза се аплицира лично во амбасадата во земјата на престој, а барањето за студентска картица се поднесува во локалната канцеларија за странци или во полициска станица.
Таксата за обработка на апликација за виза е 60ЕУР и се плаќа во локалната валута при аплицирањето за виза.
Краткорочна студентска виза важи од 3 до 6 месеци и не може да се продолжи. Долгорочна студентска виза се издава на период од една година, а по пристигнувањето во Шпанија, визата се заменува со студентската картичка за престој. Визата или студентската картичка се обновуваат секоја година во склад со времетраењето на студиите.
Бизнис центар Евроцентар
Македонска 30, Белград 11000
Пон-Пет: 09:00 - 17:00