Австралија изгради силна репутација за извонредност и квалитет на своите програми за високо образование.
Основните студии се нудат на универзитетите, приватните колеџи и некои TAFE институти, а секоја година се поголем број меѓународни студенти одлучуваат да се запишат на основни студии во Австралија.
Академската година започнува во фебруари и јули. Исто така, некои образовни институции нудат почеток на студиите во ноември, но понудата на програми не е толку голема како за фебруари и јули.
Основните студии во зависност од областа на студирање траат од 3 до 4 години.
Школарините за основните студии се движат од 17,000АУД до 32,000АУД на годишно ниво. Школарините обично се плаќаат семестрално.
За упис на основни студии во Австралија потребно е да имате завршено средно образование и да имате положено некој од меѓународно признатите тестови по англиски јазик (IELTS, TOEFL, CAE..).
Бизнис центар Евроцентар
Македонска 30, Белград 11000
Пон-Пет: 09:00 - 17:00