За студии во Канада кои траат подолго од 6 месеци, потребно е да аплицирате за студентска виза. Процесот на упис и аплицирање за студентска виза е сложен и бара бројна документација.
Со мојата стручност и знаење, можам да ви помогнам и да ве водам низ целиот процес на аплицирање за студии во Канада. Целиот процес и секој чекор го работиме транспарентно и со многу трпеливост. Јас ќе ви пружам поддршка и по завршувањето на процесот и вашето пристигнување во Канада.
Доколку сакате да ја продолжите вашата виза и да запишете некој друг студијски програм ќе ја имате мојата поддршка за водење на целиот процес.
Работење во текот на студирањето
- Со студентска виза добивате право да работите во Канада, што представува значајно финансиско олеснување за меѓународните студенти.
- Студентски визи ви овозможуваат да работите пола работно време (20 часа неделно) додека наставата е во тек и неограничено за време на распустите во Канада.
- Кај одредени опции на студии, членовите на семејството т.е. партнерот на носителот на студентската виза има можност да аплицира за open work permit и да работи полно работно време во Канада.
- Со студентската виза можете да работите на кампусот или надвор од кампусот.
Процедура
- Советување
- Упис
- Receiving an offer
- Плаќање на депозит и добивање Letter of Acceptance
- Аплицирање за студентска виза
Предности на студентската виза
- постојат одлични услови за вработување за време и по студирањето
- не постои старосна граница за студирање
- можност за стекнување на квалитетно образование и меѓународно призната диплома
- можете да додадете членови на вашето семејство (партнер и деца) на апликацијата и да одите на студентска виза во Канада со семејството
- можете да ја продолжите визата од Канада
- Post-Graduation Work виза - можност за работа по студирањето во Канада
- ќе добиете непроценливо животно искуство
Услови за добивање на студентска виза за Канада
- Да бидете запишани на соодветна образовна институција (Designed Learning Institution)
- Да бидете запишани како full time студент
- Да имате Letter of Acceptance
- Да докажете дека планирате привремено да останете во Канада
- Да имате доволно финансиски средства за студирање и престој во Канада
- Да бидете лице со добар карактер
- Да дадете биометриски податоци
- Држављани на одредени земји потребно е да поминат лекарски преглед и да докажат дека се во добра здравствена состојба
Студирање во Канада
Опции за студирање во Канада
Постојат различни опции на студирање во Канада