Постојат два вида туристички визи за Канада:
Ако планирате да патувате во Канда поради одмор, посета на роднини или пријатели или за деловни цели, треба да аплицирате за туристичка виза. Туристичка виза може да се издаде за максимум период до 10 години, а максималниот престој за време на една посета може да биде до 6 месеци, за што одлучува службеникот при влезот во земјата. Оваа виза може да има „ single “ или „ multiple entries“, за што одлучува службата за имиграција при обработката на вашата апликација за виза.
Оваа виза е за родители, баби и дедовци на државјани на Канада и оние со постојан престој во Канада. Оваа виза овозможува подолг период на престој за време на една поединечна посета на Канада, до 2 години. Исто така, ова е "multiple entries" виза па можете да имате повеќе влезови во Канада за време на периодот на важење на визата. Доколку сте подобни за оваа виза, но планирате пократок престој во Канада, можете да аплицирате за обична туристичка виза.
Туристичка цел значи одмор во Канада или посета на семејство, роднини и / или пријатели. Бизнис патување во Канада вклучува учество во конференции, преговарање или истражување на пазарот за деловни цели.
На државјаните на одредени земји не им е потребна туристичка виза и треба да аплицираат за Electronic Travel Authority (ЕТА).
* Future Option е консултантска агенција која обезбедува стручна помош при аплицирање за привремени визи кои ви овозможуваат посета и студирање, како и за веренички и партнер визи за Австралија кои ви овозможуваат траен престој.
* Информациите на страницата, поврзани со работа или миграција во странство, се само за информативни цели.
Одрекување од одговорност: Future Option не се занимава со посредување и наоѓање на работа во странство. Future Option не е агент за вработување или давател на услуги за вработување. Future Option не нуди консултантски услуги за работа во странство.
За студентската виза можете да аплицирате онлајн или во најблискиот Visa Application Centre-u (VAC).
По поднесувањето на апликацијата за виза, службата за имиграција ќе ви побара да дадете биометриски податоци. Овие податоци ги давате во најблискиот Visa Application Centre-u (VAC).
Времето на обработка за апликација за туристичка виза зависи од различни фактори, но обично трае околу 10 дена. Времето на обработка на апликацијата се смета од моментот кога ќе ја добиете потврдата за дадените биометриски податоци.
Таксата за обработка на апликацијата изнесува 100КАД, додека таксата за давање на биометриските податоци изнесува 85КАД. Двете такси можете да ги платите на интернет, на официјалниот сајт на имиграциската служба на Канада.
Мора да ги почитувате сите услови и закони на Канада.
Издадената виза за Канада не ви гарантира влез во земјата. Службеникот за имиграција на граничниот премин ќе одлучи дали имате право за да ви се одобри влез во земјата.
Бизнис центар Евроцентар
Македонска 30, Белград 11000
Пон-Пет: 09:00 - 17:00