Австралија е една од најпопуларните студентски дестинации во светот, а после САД и Велика Британија, се смета за трета по бројот на меѓународни студенти. Својата популарност ја должи на врвниот образовен систем, ценетите дипломи, поповолните трошоци за студирање и живеење во споредба со другите земји на англиско говорно подрачје, мултикултурната средина, добрата клима и релаксираниот начин на живот.
Студентите кои ќе се одлучат за Австралија како дестинација за студирање имаат на располагање 43 универзитети, од кои многу имаат кампуси низ целата земја, 59 државни колеџи, стотина приватни колеџи и голем број училишта за учење на англиски јазик. Студирањето во Австралија се карактеризира со стекнување на употребливо знаење и практични вештини, најсовремени услови и методи за учење, високо искусни предавачи и бројни можности за стекнување практично и работно искуство и поврзување како со индустријата, така и со луѓе од целиот свет.
Постојат различни опции за студирање во Австралија
За упис на студии во Австралија потребно е да исполнете одредени услови. Генерално постојат 2 главни услови:
Некои образовни институции може да имаат дополнителни услови за упис на одредени области на студии. На пример, за програми поврзани со креативните уметности, може да се бара портфолио, понатаму, за некои студиски програми студентот треба да докаже дека има претходно образование или искуство во таа професија и слично.
Кај уписот на докторски студии, студентот треба да осмисли и подготви тема за истражување и да најде ментор кој ќе ја одобри темата и ќе прифати да биде ментор на студентот.
Процесот на упис се состои од 3 фази:
1. Советување и планирање
Првиот чекор во постапката е информирање и планирање. Студентот треба пред сè да се запознае со сите чекори на постапката и условите. Неопходно е да се направи временски план и студентот да одлучи во кој град сака да студира, на која институција, која програма и кога сака да ги започне своите студии.
2. Упис
Откако ученикот ќе утврди што сака да студира, следниот чекор е да се подготви и испрати онлајн упис на избраната образовна институција со целата потребна документација. Доколку образовната институција го прими студентот, му издава понуда (Letter of Offer) за упис на студиската програма. За да се финализира уписот, студентот треба да ја прифати понудата и да го плати првиот дел од школарината, како и задолжителното здравствено осигурување за меѓународни студенти во Австралија што го опфаќа целиот период на студирање. Со добивање на потврда за упис (Confirmation of Enrollment), официјално се завршува постапката за упис.
3. Подготовка на апликацијата и аплицирање за виза
По добивањето на потврдата за упис, студентот преминува на последната фаза од постапката- подготовка и поднесување на апликацијата за студентска виза. Процедурата за аплицирање за виза е сериозен процес кој бара време, внимателна подготовка, добра информираност и посветеност со цел подобро да се подготви апликацијата и да се зголемат шансите за добивање позитивен исход. За студентска виза се аплицира преку официјалната веб-страница на австралиската имиграциска служба, а целата документација се приложува на ист начин.
За да студирате во Австралија некоја од многуте студиски програми кои што траат подолго од 3 месеци, треба да имате важечка студенска виза за Австралија.
За да може студентот да добие студентска виза, потребно е да докаже дека е веродостоен студент, дека овие студии му се потребни и дека ќе му значат во иднина. Покрај тоа, студентот треба да докаже дека финансиски може да се издржува во текот на студирањето и престојот во Австралија.
Доколку студентот има семејство може да му се придружат партнерот и/или децата во Австралија. Како студиите траат подолг временски период, студентите не мора да се одделуваат од своите најблиски, и имаат можност да ги додадат на нивните апликации за виза и доколку исходот е позитивен, тие можат да фамилијарно да заминат на студии во Австралија.
Студирањето во Австралија, покрај добивањето на ценета диплома и квалитетно образование, е можност за стекнување вредно меѓународно работно искуство и познанства, што може да донесе големи придобивки за понатамошните планови за кариера.
Работа во текот на студиите
Студентската виза за Австралија им овозможува на студентите да работат part time за време на студиите, додека во текот на распустите можат да работат неограничено. Part time работа вклучува 20 часа работа неделно, а исклучок се студентите кои имаат запишано master by research или докторски студии кои имаат право да работат full time за време на траењето на студентската виза.
Освен временското ограничување, студентите немаат ограничување за позициите на кои можат да работат, додека исклучоци се одредени дејности како што се здравството и сродните области. Помладите студенти кои немаат многу искуство најчесто работат класични студентски работи, додека студентите кои имаат одредено искуство полесно можат да најдат работа на почетна позиција во својата професија. Со работата за време на студиите, студентите можат да ги покријат основните трошоци за живот во Австралија.
Партнерите на студентите исто така имаат право да работат part time за времетраењето на студентската виза. Право на full time работа имаат партнерите на студентите кои се запишани на мастер и докторски студии.
Temporary Graduate виза
Меѓународните студенти кои ќе завршат високо образование (основни, мастер или докторски студии) во Австралија, во траење од најмалку 2 години, имаат право да аплицираат за Temporary Graduate виза, преку Post Study Work стримот и да останат во Австралија од 2 до 4 години по завршувањето на студиите и да работат со полно работно време. Студентите и на оваа виза можат да додадат членови на семејството, а партнерите добиваат право да работат неограничено.
Времетраењето на оваа виза зависи од степенот на студирање кој што студентот го завршил и од градот каде што студирал. По завршувањето на основни и двегодишни Master by Coursework студии во Сиднеј, Мелбурн или Бризбејн, оваа виза се добива на 2 години, додека студентите кои ги завршиле овие студии во кој било друг град можат да останат 3 години на оваа виза. Студентите кои завршиле Master by Research ја добиваат оваа виза на 3 години, a ако студирале во регионалните градови, како што се Перт, Аделаид, Канбера или Голд Коуст, добиваат виза на 4 години. Студентите кои што имаат завршено доктроски студии ја добиваат оваа виза на 4 години, а доколку студирале во регионалните градови добиваат можност да работат во Австралија 5 години по студирањето.
Бизнис центар Евроцентар
Македонска 30, Белград 11000
Пон-Пет: 09:00 - 17:00