Холандија е една од популарните европски дестинации за студии која на студентите им нуди високо квалитетно образование и ценета диплома. Холандија е една од првите европски земји која се прилагоди на болоњскиот образовен систем и почна да нуди програми на англиски јазик, што резултираше со голем број студиски програми кои привлекуваат меѓународни студенти во Холандија. Над 70 високообразовни институции нудат високо квалитетни студиски програми посветени на академско-истражувачко и практично учење.
Предности на студирање во Холандија
- Холандија е позната по добро осмислените студиски програми, ценетите дипломи, одличните услови и методи на учење, фокусот на тимската работа и практичното учење
- Со околу 2000 програми, Холандија има една од најголемите понуди на студиски програми на англиски јазик во Европа и англискиот јазик е широко користен во секојдневниот живот
- Студентите кои студираат во Холандија можат да работат за време на студиите 16 часа неделно или полно работно време за време на празниците, што е одлична можност да стекнат работно искуство
- Како една од европските земји со највисок процент на меѓународни студенти, Холандија нуди уникатно опкружување на разновидни култури и народи од целиот свет
- Холандија е земја со интересна природа, полна со музеи и галерии и возбудливи фестивали и настани, покрај тоа, поволната географска локација ги олеснува патувањата и посетите на други европски земји
- Холандија нуди отворено и толерантно општество и е една од најбезбедните земји во светот
Опции за студирање во Холандија
Постојат различни опции за студирање во Холандија:
- Курсеви по холандски јазик
- Двегодишни додипломски студии
- Основни академски студии
- Мастер студии
- Докторски студии
Студентска виза за Холандија
На студентите кои доаѓаат од Европската унија, Европската економска област и Швајцарија не им е потребна виза за студирање во Холандија. Студентите кои доаѓаат од трети земји и сакаат да студираат во Холандија повеќе од 3 месеци, мора да имаат соодветна студентска виза, како и дозвола за престој.