Германија е една од најпопуларните европски дестинации за студирање и истражување. Германија секоја година привлекува голем број меѓународни студенти со високо ценетите универзитети, врвниот образовен систем и широкиот спектар на студиски програми кои нудат и теоретско и практично знаење. Постојат над 400 високообразовни институции во Германија, кои нудат над 20,000 студиски програми од сите области на студии. Студиите се нудат на германски јазик, а сè поголем број програми е достапен и на англиски јазик.
Предности на студирање во Германија
- Германија нуди високо квалитетни студиски програми, дипломи кои се признати и ценети во целиот свет и одлични услови за спроведување на значајни истражувања
- Во Германија, студиските програми се нудат и на германски и на англиски јазик
- Германија нуди поволни опции за студирање, особено на државните институции, а во однос на трошоците на живот се смета за поповолна дестинација во споредба со другите популарни дестинации
- Меѓународните студенти во Германија имаат право да работат пола работно време за време на студиите, што може да ги олесни трошоците за живот и да им овозможи да стекнат меѓународно работно искуство
- Студентите можат да ја продолжат дозволата за престој и да останат 18 месеци по дипломирањето за да работат и да стекнат вредно работно искуство во Германија
- Како популарна студентска дестинација, Германија нуди уникатно мултикултурно опкружување и овозможува запознавање и поврзување со луѓе од целиот свет.
- Германија е уредена, развиена и стабилна земја, која нуди висок квалитет на живот и безбедна средина. Покрај тоа, нуди богата културно-историска содржина низ целата земја и бројни социјални и спортски манифестации
Опции за студирање во Германија
Постојат различни опции за студирање во Германија:
- Курс по германски јазик
- Основни академски студии
- Мастер студии
- Докторски студии
Студентска виза за Германија
Студентите кои доаѓаат од Европската унија, Европската економска област и Швајцарија можат да студираат во Германија без студентска виза. Државјаните на трети земји кои сакаат да студираат повеќе од 3 месеци во Германија мора да имаат национална виза Д, а по пристигнувањето во Германија потребно е да аплицираат за дозвола за престој.