На студентите кои сакаат да студираат во Австрија, а доаѓаат од земја членка на Европската унија, Европскиот економски простор и Швајцарија, не им е потребна студентска виза или дозвола за престој, а доколку сакаат да студираат повеќе од 3 месеци, треба да го регистрират својот престој. Студентите од трети земји кои сакаат да студираат повеќе од 3 месеци мора да имаат студентска виза, односно национална виза, како и дозвола за престој што им дава право на легален престој.
Апликацијата за студентска виза бара од студентот да биде запознаен со сите визни процедури и услови, како и да го испланира целиот процес внимателно и на време, за исходот да биде позитивен. По долгогодишна работа со студенти кои заминуваат на студии во странство, можам да ви го пружам потребното знаење и поддршка и да ве водам низ целиот процес, од уписот до аплицирањето за виза.
Меѓународните студенти во Австрија можат да работат пола работно време во текот на студиите
Студентите од ЕУ / ЕЕЗ и Швајцарија можат да работат до 20 часа неделно и не им е потребна работна дозвола (освен на хрватските државјани)
Студентите од трети земји кои имаат дозвола за престој исто така можат да работат 20 часа неделно, но потребно е да имаат дозвола за работа за која аплицира работодавачот
Советување и избор на образовна институција и студиска програма
Подготовка на уписната документација и упис
Добивање на понуда од страна на образовната институција
Прифаќање на понудата и добивање потврда за упис
Аплицирање за студентска виза и подготовка за пат
Студентската виза за Австрија овозможува стекнување квалитетно образование и ценета диплома
Со студентската виза можете да работите за време на студиите и на тој начин да стекнете меѓународно работно искуство и вредни контакти
Студирањето во Австрија дава можност да го научите или да го подобрите вашето познавање на германскиот јазик
Студентската виза им овозможува на студентите да останат по дипломирањето и да најдат работа во Австрија
Можност за студентско искуство во една од историски традиционалните студентски дестинации
Австрија е една од традиционалните студентски дестинации со долга историја и добро познат престиж. Австрија нуди врвно образование, висококвалитетни студиски програми и широки можности за студентите кои се стремат кон иновации и современо истражување. Повеќето студиски програми се нудат на германски јазик, но има и значajна понуда на програми на англиски јазик.
Постојат различни опции за студирање во Австрија:
* Future Option е консултантска агенција која обезбедува стручна помош при аплицирање за привремени визи кои ви овозможуваат посета и студирање, како и за веренички и партнер визи за Австралија кои ви овозможуваат траен престој.
* Информациите на страницата, поврзани со работа или миграција во странство, се само за информативни цели.
Одрекување од одговорност: Future Option не се занимава со посредување и наоѓање на работа во странство. Future Option не е агент за вработување или давател на услуги за вработување. Future Option не нуди консултантски услуги за работа во странство.
За студентска виза се аплицира лично во австриската амбасада во земјата на престој или на лице место во Австрија, доколку студентот може легално да влезе во Шенген зоната. За дозволата за престој се аплицира во Австрија.
Таксата за обработка на апликацијата, вклучувајќи ја и таксата за издавање на дозвола за престој и земање на лични податоци е 160 ЕУР.
Студентската виза се издава на период до 6 месеци, по што таа се заменува со дозвола за престој, која се издава на една година и може да се обнови во зависност од времетраењето на студиите.
Бизнис центар Евроцентар
Македонска 30, Белград 11000
Пон-Пет: 09:00 - 17:00