Graduate и Postgraduate Certificate и Diploma се студиски програми кои се нудат на универзитетите и индивидуалните колеџи (ITP, PTE) на Нов Зеланд.
Graduate Certificate и Diploma се дизајнирани првенствено за дипломираните студенти да продолжат со понатамошно образование на напредно ниво на додипломски студии. Овие програми доаѓаат по основните студии и имаат за цел да го унапредат вашето знаење стекнато на основните студии или да го прошират на други области на студирање.
Postgraduate Certificate и Diploma се програми осмислени да ги прошират и продлабочат знаењата и вештините на поединецот. Програмите се дизајнирани како специјализации во специфични области, така што можат да бидат од голема помош при вработувањето или напредокот во кариерата, но и да ве подготват за постдипломски студии.
Нов Зеланд има два главна уписна рока, во февруари и јули. Сепак, некои приватни образовни институции нудат повеќе уписни рокови во текот на целата година.
Во зависност од видот и областа на студирање, овие програми можат да траат од шест месеци до две години.
Цените на овие програми се разликуваат според типот, студиската област и институцијата. Тие обично се движат од 12,000НЗД до 32,000НЗД.
Условите за упис на една од овие програми се завршени основни студии и положен IELTS тест (просечната оценка зависи од областа на студирање и образовната институција).
Бизнис центар Евроцентар
Македонска 30, Белград 11000
Пон-Пет: 09:00 - 17:00