Студирањето во Нов Зеланд ви нуди уникатно животно искуство и можност да стекнете меѓународна диплома и образование по врвни стандарди, во мултикултурна средина.
Сепак, запишувањето, аплицирањето и успешното добивање на студенска виза е процес што бара време и познавање на системот за образование во Нов Зеланд, како и познавање на различните услови за добивање студенска виза.
Доколку сакате да ја продолжите вашата виза и да запишете некој друг студијски програм ќе ја имате мојата поддршка за водење на целиот процес.
Работење во текот на студирањето
- Со студентската виза, меѓународните студенти во Нов Зеланд добиваат можност да работат за време на студирањето.
- Меѓународните студенти претежно можат да работат пола работно време (20 часа неделно), но доколку студирате докторски студии, ќе можете да работите полно работно време.
- Правото на работа се дава автоматски со одобрението за студентска виза, така што студентите не мора одделно да аплицираат за работна виза.
- Партнерите на студентите исто така добиваат можност да работат.
Процедура
- Советување
- Упис
- Добивање на понуда
- Плаќање на школарина
- Аплицирање за студентска виза
Предности на студентската виза
- Нов Зеланд нуди студирање по светски стандарди и нуди на меѓународните студенти одлични услови за студирање
- постојат бројни активности што можете да ги правите додека студирате, што ви дава можност да стекнете непроценливо животно искуство и да запознаете луѓе од целиот свет
- добивате можност да работите за време на студиите
- меѓународните студенти можат да се здобијат со значајно работно искуство по студирањето преку Post-Study Work визата
- на студентска виза можете да одите со семејството
Услови за добивање на студентска виза за Нов Зеланд
- мора да имате понуда или да бидете запишани на соодветна образовна институција во Нов Зеланд
- да сте запишани како full time студент
- да имате доволно финансиски средства за учење и престој во Нов Зеланд
- да докажете дека сте веродостоен студент и дека ја користите визата за цели на студирање и обука
- да сте лице со добар карактер
Студирање во Нов Зеланд
Опции за студирање во Нов Зеланд
Постојат различни опции на студирање во Нов Зеланд