Graduate Certificate i Diploma се одлична опција ако сакате да ги надградите постојните знаења за време на основните студии или да го унапредите вашето знаење во некоја одредена област.
На студентите им се дава можност да ги прошират своите знаења во одредена област и да стекнат практично знаење на овие програми кои што траат пократко од мастер студиите.
Академската година почнува во февруари и во јули. Некои образовни институции нудат почеток и во ноември меѓутоа понудата на програми е помала.
Graduate Certificate обично трае 6 месеци, додека Graduate Diploma трае 1 година.
Школарините се движат од 12,000АУД до 16,000АУД и обично се плаќаат семестрално.
Основен услов за упис на Graduate Certificate и Graduate Diploma е да имате завршени основи студии. Покрај тоа потребно е да имате положен меѓународно признат тест по англиски јазик (IELTS, TOEFL, CAE..).
Во просек инситуциите за Graduate Certificate и Graduate Diploma бараат да иматепросечна оценка 6.5 и ниеден поединечен дел да не биде под 6.
Бизнис центар Евроцентар
Македонска 30, Белград 11000
Пон-Пет: 09:00 - 17:00