Докторски студии во Австралија
Докторските студии претставуваат највисок степен на образование што може да го добиете во Австралија.
Инаку постојат два типа на истражувачки програми во Австралија:
- Master by Research
- Докторски студии
Предности на докторските студии
- Во текот на целиот процес, студентот има поддршка од менторот, избраниот академски експерт во саканата област на студирање
- Студентите го поминуваат поголемиот дел од студирањето работејќи на својата докторска теза нудејќи свое гледање и придонес во областа на науката што ја студираат.
- За разлика од многу земји, одбрана на докторската теза обично не е потребна во Австралија
- Доколку имате завршено Master by Research, можете да аплицирате за Temporary Graduate под post-study visa стримот и да добиете можност да работите полно работно време во период од три години, додека за завршени докторски студии оваа виза ја добивате за период од четири година.
Битни информации и услови за докторски студии во Австралија
Бидејќи повеќето студенти на истражувачки програми немаат предавања, не постои формален почеток на семестарот кај овие програми, и датумот на започнување на студиите се договара со менторот.
Доктроските студии обично траат три години.
Школарините за меѓународните студенти се движат од 20,000АУД до 37,000АУД на годишно ниво и се плаќаат семестрално.
Завршени мастер студии, одобрена теза и положен IELTS тест . За докторските студии обично се бара просечна оценка 7.