Graduate и Postgraduate Certificate и Diploma се студии наменети за студенти и вработени кои сакаат да го надоградат стекнатото знаење на основните студии и да ги унапредат своите кариери, или да го прошират на сродни полиња со цел полесно вработување.
Graduate Certificate i Diploma може да запишат студенти кои имаат завршено основни студии. Овие студии претставуваат еден вид специјализација во полето на интерес.
Postgraduate Certificate i Diploma се сметаат за постдипломски студии кои се професионално ориентирани и траат помалку од мастер студиите.
Академската година во Канада започнува во септември. Покрај почетниот рок во септември, некои универзитети нудат почеток во јануари, како и во мај.
Graduate и Postgraduate Certificate и Diploma траат од една до две години.
Висината на школарината за Graduate и Postgraduate Certificate и Diploma програмите во Канада зависи од образовната институција, но обично се движат од 16,000КАД до 19,000КАД на годишно ниво.
Условите за упис се завршено средно образование и положен некој од меѓународните тестови по англиски (IELTS, TOEFL, CAEL) или француски јазик (во зависност од провинцијата). Просечната оценка потребна за упис зависи од тестот, програмата и институцијата, а за студиите на англиски јазик обично бараат оценка од 6,5 на IELTS тестот или 84-88 на TOEFL IBT.
Бизнис центар Евроцентар
Македонска 30, Белград 11000
Пон-Пет: 09:00 - 17:00