Постојат неколку видови на туристички визи за Америка:
Виза за посета на Америка за деловни цели, деловни состаноци, учество на конференции и семинари.
Туристичка виза за туристичка посета на Америка, одмор или посета на роднини или пријатели, како и патување за медицинска нега и лекување и аматерско учество во спортски, музички или културни натпревари, доколку подносителот на барањето не добива накнада за учеството.
Доколку сакате да ја посетите Америка поради деловни цели, за да присуствувате на состаноци или конференции, во туристичка цели или за посета на пријатели и семејство, како и за медицинска нега и третман, треба да аплицирате за туристичка виза.
Овој вид на виза има не-иселенички карактер.
За туристичка виза аплицирате преку американската амбасада во вашата земја. Еден од чекорите во процесот е и конзуларното интервју.
Времето на обработка на апликацијата варира од случај до случај. Периодот на чекање претставува времето до закажаното интервју. Во одредени случаи на интервјуто, службеникот може да побара дополнително процесирње кое што може да трае и до 6 месеци.
Таксата за обработка на апликацијата изнесува 185УСД.
Издадената виза за Америка не ви гарантира влез во оваа земја. Имиграциониот официр на граничниот премин ќе одлучи да ли исполнувате услови да би ви се одобрил влезот во Америка.
Бизнис центар Евроцентар
Македонска 30, Белград 11000
Пон-Пет: 09:00 - 17:00