ElenaSimic.net

Студентска виза за Америка

Студентска виза за Америка


Студентите кои планираат да студираат во Америка треба да аплицираат за студентска виза.

Процедурата за упис на студии и добивањето на студентска виза не е едноставна и бара добро планирање на секој чекор како би ја оствариле вашата цел и како успешно би добиле студентска виза.

Постојат два вида на студентски визи за Америка, се во зависност од студиската програма која што ја запишувате:

Ф студентска виза - за студирање на академски студии на акредитиран американски колеџ или универзитет или за посетување на курс по англиски јазик на некој од институтите за англиски јазик.

М студентска виза - за не-академски, стручни студии или обука во Америка.

Покрај овие два вида на студентски визи, постои и J туристичка виза за учествување во програмата за размена, вклучувајќи ги и средношколските и универзитетските студии.

Работење во текот на студирањето

  • На меѓународните студенти кои имаат виза Ф-1 и М-1 им е дозволено да работат на кампусот и во одредени програми за обука.
  • Студентите на Ф-1 виза не можат да работат надвор од кампусот во текот на нивната прва учебна година. Работните места во кампусот се ориентирани кон студентите, како што е работата во библиотека, кафетерија или во студентски центар.
  • Студентите можат да се вработат надвор од кампусот по завршувањето на првата учебна година преку три програми дизајнирани за меѓународни студенти кои бараат работа и сакаат да стекнат работно искуство во Америка:
    • Optional Practical Training (OPT)
    • Science, Technology, Engineering, and Mathematics (STEM) Optional Practical Training Extension
    • Curricular Practical Training (CPT)
  • Студентите на М-1 виза можат да се вклучат на практична обука по завршувањето на студиите.

Процедура

  • Советување
  • Упис
  • Прифаќање на понудата од страна на SEVP акредитирана образовна институција
  • Аплицирање за виза
  • Интервју во амбасадата и добивање на виза

Предности на студентската виза

  • можност за студирање во земја со најголем број образовни институции во светот и широк избор на студиски програми
  • Америка е земја која нуди квалитетно образование и има најмногу образовни институции кои се рангирани високо на списокот на најдобри универзитети во светот
  • можност да стекнете работно искуство и вештини кои што ќе го збогатат вашето CV
  • ќе имате можност да го искусите американскиот студентски живот
  • ќе бидете во можност да го усовршите англискиот јазик
  • ќе запознаете луѓе од целиот свет
  • ќе добиете непроценливо животно искуство

Услови за добивање на студентска виза за Америка

  • мора да бидете запишани на академска образовна програма, програма за обука на јазик или стручна програма
  • да сте запишини како редовен студент
  • вашата образовна институција мора да биде одобрена од страна на SEVP (Student and Exchange Visitors Program) и потребно е да поседувате формулар I-20 који ви го доставува училиштето после уписот
  • потврда за регистрација во системот SEVIS (Student and Exchange Visitor Information System), т.е. потврда за уплата на таксата I-901
  • пополнет и одобрен образец DS-160 – оналјн барање за не-иселенички визи (онлајн преку веб страницата на амбасадата)
  • морате да имате познавање на англискиот јазик или да бидете запишани на програма за учење англиски јазик
  • да имате доволно средства за студирање и престој во Америка
  • да докажете дека целта ви е да останете привремено во Америка за време на вашите студии

Студирање во Америка

* Future Option е консултантска агенција која обезбедува стручна помош при аплицирање за привремени визи кои ви овозможуваат посета и студирање, како и за веренички и партнер визи за Австралија кои ви овозможуваат траен престој.
* Информациите на страницата, поврзани со работа или миграција во странство, се само за информативни цели.

Одрекување од одговорност: Future Option не се занимава со посредување и наоѓање на работа во странство. Future Option не е агент за вработување или давател на услуги за вработување. Future Option не нуди консултантски услуги за работа во странство.

Адреса

Бизнис центар Евроцентар
Македонска 30, Белград 11000

Работно време

Пон-Пет: 09:00 - 17:00

Е-пошта

contact@elenasimic.net