ElenaSimic.net

Стручни (VET) програми во Нов Зеланд

Стручни (VET) програми во Нов Зеланд


Нов Зеланд нуди широк спектар на професионални и стручни програми кои, по квалификациите, доаѓаат по средното образование, апред основните академски студии.

Овие програми се нудат на 18 технички и политехнички институти (ITP), над 600 приватни колеџи (PTE), како и Wänanga институции. Тие се дизајнирани да им обезбедат на студентите професионални вештини, квалификации и практично искуство за работа на стручни работни места насекаде во светот.

Предности на стручните програми во Нов Зеланд

  • Стручните програми обезбедуваат професионални и практични вештини и квалификации за работа во области од витално значење за општеството
  • Работодавците во Нов Зеланд вреднуваат практично знаење и вештини што може да ви помогне да најдете вработување и да напредувате во кариерата
  • Овие квалификации се признаваат насекаде во светот
  • Стручните програми се пократки и поефтини од основните студии
  • Програмите можат да бидат вовед во основните студии, испитите се признаваат на универзитетите, па студирањето на основните студии понатаму е пократко и полесно
  • Со студентска виза, имате можност да работите пола работно време (до 20 часа неделно) за време на студиите и полно работно време за време на распустите.
  • По завршувањето на студиите, Post-Study Work визата ви овозможува привремено да живеете и да работите во Нов Зеланд. Доколку студиите ги имате завршено во Окланд, оваа виза се издава за период од една година, а ако студирате во друг град, визата се издава за период од две години.
  • Работното искуство што го стекнувате со оваа виза може да ви помогне трајно да се населите во Нов Зеланд.

Нивоа на стручни програми

  • Certificate I-IV
  • Diploma
  • Advanced diploma

Битни информации и услови за стручни (VET) програми во Нов Зеланд


Адреса

Бизнис центар Евроцентар
Македонска 30, Белград 11000

Работно време

Пон-Пет: 09:00 - 17:00

Е-пошта

contact@elenasimic.net