Докторски студии во Нов Зеланд
Доктроските студии во Нов Зеланд обично се нудат на универзитетите.
Предности на докторските студии во Нов Зеланд
- Меѓународните студенти плаќаат иста цена на студирање како и домашните студенти
- Владата на Нов Зеланд инвестира значителни средства во истражувачки проекти
- Квалификациите, знаењето и искуството што ги добивате на докторските студии во Нов Зеланд се глобално признати и почитувани низ целиот свет
- Со студентска виза имате можност да работите во Нов Зеланд полно работно време, а доколку имате семејство, вашите деца можат да одат на училиште под истите услови како и домашните студенти
- По завршувањето на докторските студии, можете да живеете и да работите во Нов Зеланд со Post-Study Work виза во времетраење од три години
Битни информации и услови за докторски студии во Нов Зеланд
Докторските студии можат да почнат и почетокот се договара со вашиот ментор.
Докторските студии во Нов Зеланд обично траат три до четири години.
Школарините зависат од областа на студиите и универзитетот и обично се движат од 6.500НЗД до 9,000НЗД годишно.
Условите за упис на докторски студии се завршени мастер студии, положен IELTS тест, како и избор на ментор и одобрена теза за истражување.