ElenaSimic.net

Курс по англиски јазик во Америка

Курс по англиски јазик во Америка


Соединетите американски држави се многу популарна дестинација за меѓународните студенти кога станува збор за курсевите по англиски јазик.

Голем број американски колеџи, универзитети и приватни училишта нудат курсеви по англиски јазик.

Предности на курсот по англиски јазик во Америка

  • Со курсот по англиски јазик можете да го подобрите своето знаење на англискиот јазик за работа или студирање или да бидете подготвени да полагате некој од меѓународните тестови по англиски јазик доколку планирате да запишете студии
  • Во мултикултурна средина, како што е Америка, ќе го научите јазикот побрзо и подобро отколку кога би посетувале курс по англиски во вашата матична земја
  • Ова искуство може да ви помогне да запознаете нови луѓе и нови пријатели, особено ако сакате да живеете, работите или студирате во Америка

Опции за учење англиски јазик во Америка

Најпопуларни програми за англиски како втор јазик (English as a Second Language – ESL):

  • Intensive English Program (IEP) - IEP курсевите се наменети за оние кои, од лични или професионални причини, сакаат да учат или да унапредат своето знаење на англискиот јазик, или да се подготват за упис на колеџ или универзитет
  • American Language and Culture Program (ALCP) - Програмите ALCP бараат средно или напредно ниво на владеење на англискиот јазик и се наменети за оние кои сакаат да се подготват за повисок студиски степен на колеџите или универзитетите, на пример, доколку сакаат да се запишат на постдипломски студии во Америка.
  • Курсеви кои се фокусираат на подготовка на TOEFL, IELTS или PTE тестовите

Битни информации и услови за курс по англиски јазик во Америка


Адреса

Бизнис центар Евроцентар
Македонска 30, Белград 11000

Работно време

Пон-Пет: 09:00 - 17:00

Е-пошта

contact@elenasimic.net