Понудата на мастер програмите на австралиските универзитети е голема, па можете да запишете студии и да се усовршите во различни области од природни науки и инженерството, до социјални, економски и медицински науки.
Во Австралија, постојат и дуални мастер програми дизајнирани да комбинираат висококвалитетно теоретско знаење и практично искуство во две области, што ги зголемува квалификациите на студентите и го олеснува влезот на пазарот на труд.
Академската година почнува секоја година во февруари и во јули. Некои образовни институции нудат почеток и во ноември меѓутоа понудата на програми е помала.
Мастер студиите траат од една до две години.
Школарините за мастер студии се движат од 20,000АУД до 37,000АУД на годишно ниво и се плаќаат семестрално.
За упис потребно е да имате завршени основни студии и положен меѓународно признат тест по англиски јазик (IELTS, TOEFL, CAE..) со минимум 6.5 просечна оценка и ниеден поединечен дел да не е под 6 IELTS тестот, меѓутоа ова во голема мера зависи и од областа на студирање.
Бизнис центар Евроцентар
Македонска 30, Белград 11000
Пон-Пет: 09:00 - 17:00