Докторските студии се највисок степен на образование во САД и овие квалификации ги подготвуваат студентите за факултетски и истражувачки позиции, како и за други кариери на кои им се потребни напредни знаења и вештини за истражување.
Академската година за студентите на овие студии во САД на повеќето образовни институции започнува во есенскиот уписен рок, кој започнува во септември.
Докторските студии во Америка обично траат од 4 до 6 години.
Школарините за докторските студии во САД зависат од студиската област и избраната образовна институција, но обично се движат од 11,000УСД годишно и се плаќаат семестрално.
Условите за упис на докторски студии се завршени мастер студии (освен кај комбинираните програми), како и положен некој од меѓународни тестови по англиски јазик (TOEFL, IELTS, итн.).
Одредени образовни институции бараат и GRE тест.
Бизнис центар Евроцентар
Македонска 30, Белград 11000
Пон-Пет: 09:00 - 17:00