Канада е земја со висока репутација за мастер студии.
Програмите за мастер студиите се нудат на универзитетите и обично се надоврзуваат на претходно истражуваната област на основните студии.
Академската година на канадските универзитети започнува во септември. Покрај овој рок, некои универзитети нудат почеток и во јануари.
Мастер студиите траат од една до две години.
Висината на школарината за Мастер студиите зависи од областа на студирање и образовната институција и во просек се движи од 18,000КАД до 30,000КАД на годишно ниво.
Услов за упис на Мастер студии се завршени основни студии. Во зависност од провинцијата во која планирате да студирате потребен е и положен некој од меѓународните тестови по англиски (IELTS, TOEFL, CAEL) или француски јазик. Просечната оценка потребна за упис зависи од јазикот, програмата и институцијата, а за студиите на англиски јазик обично бараат оценка од 6,5 на IELTS тестот или 84-88 на TOEFL IBT.
Бизнис центар Евроцентар
Македонска 30, Белград 11000
Пон-Пет: 09:00 - 17:00