Европа е колевка на високото образование и во неа се наоѓаат некои од најстарите и најценетите образовни институции во светот. Иако студиите се разликуваат во зависност од земјата и градот, голем број образовни институции низ Европа нудат високо квалитетно образование и стандардизиран образовен систем, познат како болоњски систем, кој одржува висок стандард и квалитет на образованието.
Европа нуди некои од најпопуларните студентски градови во светот и бележи пораст на бројот на меѓународни студенти од целиот свет кои создаваат уникатно мултикултурно опкружување.
Предности на студирањe во Европа
- Во Европа се наоѓаат некои од најстарите универзитети во светот и голем број на престижни образовни институции каде се стекнува квалитетно образование и ценети дипломи
- Студирањето во Европа значи и можност за студирање на различни европски јазици, покрај студиите на англиски јазик кои се во понуда ширум Европа
- Европа нуди десетици илјади програми на сите нивоа на студии и од сите области на студии, како и неверојатни услови за спроведување на современи истражувања во бројни истражувачки центри
- Во повеќето европски земји, меѓународните студенти имаат можност да работат покрај своите студии и на тој начин да стекнат драгоцено искуство кое што ќе им значи за нивните идни кариери.
- Студиите во Европа се генерално поповолни, и покрај тоа, се нудат бројни стипендии, државни, приватни и од страна на образовните институции
- Студентското искуство во Европа привлекува студенти од целиот свет, што им овозможува на студентите да запознаат нови луѓе, култури и обичаи и на тој начин да ги обогатат нивните животи
- Европа е колевка на културата, уметноста, архитектурата, историјата и е дестинација што им нуди на студентите неверојатни можности да го употполнат своето време на студирање, без оглед за која земја станува збор
- Покрај квалитетно образование, Европа нуди и висок квалитет на живот, добра инфраструктура и поврзаност и со тоа можност за лесно истражување на стариот континент