Студентска виза за Велика Британија

Студентска виза за Велика Британија


Студентска виза за Велика Британија не е потребна за студенти кои доаѓаат од Европската унија, Европската економска област и Швајцарија, но поради Брегзит може да дојде до промени по ова прашање. Студентите кои доаѓаат од трети земји и сакаат да студираат во Велика Британија мора да имаат соодветна студентска виза. Студентите кои запишуваат пократка студиска програма до 6 месеци или курс за јазик до 11 месеци аплицираат за краткорочна студентска виза, додека студентите запишани на студии кои што траат подолго аплицираат за студентска виза Tier 4.

По долгогодишното работно искуство со студенти кои сакаат да студираат во земји од англиско говорно подрачје, имам доволно знаење и искуство за да ве водам низ постапката и да ви помогнам успешно да го завршиот целиот процес од упис до аплицирање за виза.

Работење во текот на студирањето

  • Студентите од ЕУ/ЕЕЗ и Швајцарија можат да работат додека студираат во Велика Британија и не им треба работна виза
  • Студентите на Tier 4 виза кои се запишани на подобни образовни институции можат да работат 20 часа неделно додека наставата е во тек и полно работно време за време на празниците
  • Студентите на краткорочни студентски визи немаат право да работат во Велика Британија

Процедура

  • Советување и избор на образовна институција и студиска програма
  • Подготовка на уписната документација и упис
  • Добивање на понуда од страна на образовната институција
  • Прифаќање на понудата и добивање потврда за упис
  • Аплицирање за студентска виза и подготовка за пат

Предности на студентската виза

  • Студентската виза за Велика Британија овозможува стекнување квалитетно образование и престижни квалификации на голем број образовни институции низ целата земја
  • Можност да студирате на некои од најдобро рангираните образовни институции во светот
  • Престојот и студиите во земја во која официјален јазик е англискиот дава можност да го подобрите вашето знаење на англискиот јазик
  • Студентите обично имаат право на работа за време на студиите, што им овозможува да стекнат вредно меѓународно искуство и познанства
  • Можност да стекнете студиско искуство во една од најпопуларните студентски дестинации

Услови за добивање на студентска виза за Велика Британија

  • Да сте запишани на студии на лиценцирана образовна институција
  • Да имате соодветно ниво на образование за студиите кои ги запишувате
  • Да имате задоволително ниво на знаење на англискиот јазик
  • Да сте финансиски стабилни и во можност да ги покриете трошоците за студирање и престој во Велика Британија
  • Да докажете дека сте веродостоен студент и дека вашиот мотив е привремен престој во Велика Британија поради студирање
  • Да имате соодветно здравствено осигурување

Студирање во Велика Британија

Велика Британија е втора најпопуларна дестинација за студирање во светот, која секоја година привлекува голем број студенти поради својот врвен образовен систем. На голем број на престижни образовни институции низ целата земја се нудат бројни студиски програми на различни нивоа и ценети дипломи кои се глобално признати.

Опции за студирање во Велика Британија

Постојат различни опции за студирање во Велика Британија:

  • Курсеви по англиски јазик
  • Сертификати и дипломи за високо образование
  • Основни академски студии
  • Postgraduate сертификати и дипломи
  • Мастер студии
  • Докторски студии

Адреса

Бизнис центар Евроцентар
Македонска 30, Белград 11000

Работно време

Пон-Пет: 09:00 - 17:00

Е-пошта

contact@elenasimic.net