Дали ви треба студентска виза за студирање во Германија зависи од земјата од каде доаѓате. На студентите кои доаѓаат од земји-членки на Европската унија, Европската економска област и Швајцарија не им е потребна студентска виза за студирање во Германија. Студентите кои доаѓаат од трети земји и сакаат да се запишат на студии кои траат подолго од 3 месеци мора да имаат соодветна виза, а по пристигнувањето во Германија, мора да аплицираат за дозвола за престој која им дава право да престојуваат во оваа земја.
Постапката за аплицирање и добивање на студентска виза бара време, посветеност и внимателна подготовка. Со долгогодишното искуство во работата со студенти и мојата стручност, можам да ви пружам поддршка и помош во текот на целата процедура, од уписот на студии во Германија до аплицирањето за студентска виза.
Германија нуди голем избор на високо квалитетни студиски програми од сите области на студии. Сите програми се нудат на германски јазик, а бројот на програми понудени на англиски јазик расте. Дипломите и квалификациите од Германија се високо ценети и почитувани низ целиот свет, што е една од причините зошто Германија е една од најпопуларните студентски дестинации во Европа.
Постојат различни опции за студирање во Германија:
За студентска виза се аплицира лично во германската амбасада во земјата на престој.
Таксата за обработка на апликацијата за виза изнесува 75 ЕУР и се плаќа во готово во домашната валута.
Студентска виза се издава на период до една година, потоа се заменува со дозвола за престој на студенти, која важи две години со можност за продолжување во зависност од должината на студиите.
Бизнис центар Евроцентар
Македонска 30, Белград 11000
Пон-Пет: 09:00 - 17:00