Владата на Западна Австралија најави отворање на границите на оваа австралиска држава на 5 февруари 2022 година. Најавеното отворање на границите ќе важи за сите категории патници кои ќе ги исполнуваат условите за влез во Австралија донесени од федералните власти.
Со цел меѓународните студенти и другите категории на кои им е одобрен влез во Австралија да можат да влезат во Западна Австралија од 5 февруари, тие ќе треба да ги исполнуваат следниве услови:
- Да бидат целосно вакцинирани, со вакцина која е призната во Австралија и мора да обезбедат валиден доказ за статусот на вакцинација
- Да поседуваат негативен ПЦР тест кој не е постар од 72 часа пред полетувањето
- Да имаат валидна виза
- Сите патници мора да имаат пополнета и одобрена G2G Pass изјава за да влезат во Западна Австралија пред да патуваат
По отворањето на границите ќе се укине условот за карантин за сите патници кои ги исполнуваат условите за влез. На невакцинираните патници нема да им биде дозволен влез во Западна Австралија.
Веста за отворањето на границите на Западна Австралија, заедно со отворањето на границите на Австралија на 15 декември 2021 година, претставува значаен чекор кон нормализирање на функционирањето на образовниот сектор. Исто така, конкретните информации за отворање на границите се одлична вест за сите меѓународни студенти кои сега можат да се подготват за студиите во оваа земја без притисокот на неизвесноста.