После неполни две години од почетокот на пандемијата и целосното затварање на земјата, границите на Австралија ќе бидат повторно отворени за сите патници кои сакаат да ја посетат оваа земја.
Надлежните власти во Австралија најавија дека границите ќе се отворат на 21 февруари 2022 година за сите вакцинирани патници, и дека нема да биде потребно да се аплицира за “travel exemption”.
За да можат да влезат во Австралија, патниците мора да бидат целосно вакцинирани и да имаат доказ за тоа.
Целосна вакцинација значи дека патниците примиле 2 дози од вакцината и дека поминале 7 дена од последната доза, со исклучок на вакцината Johnson & Johnson, која се дава во единечна доза. Австралија моментално ги признава следните вакцини или комбинација од нив:
- Pfizer Biontech
- AstraZeneca (Vaxzevria i Covishield)
- Moderna
- Janssen/Johnson & Johnson
- Sputnik V
- Sinopharm – samo za putnike mlađe od 60 godina
- Coronavac/Sinovac
- Covaxin (Bharat Biotech)
- Nuvaxovid
Единствен исклучок од ова правило се патниците кои не можат да се вакцинираат од медицински причини. Тие ќе можат да аплицираат за исклучок од ова правило, ќе мора да докажат дека имаат медицински причини поради кои не можат да се вакцинираат, и покрај туристичка виза, ќе треба да добијат и “travel exemption”, ослободување од правилата за влез во државата. За овие патници хотелскиот карантин ќе биде задолжителен по пристигнувањето.
Покрај овој услов, сите патници ќе треба да исполнуваат дополнителни услови, доколку ги има, на поединечните австралиски држави.
Оваа одлука е одлична вест за сите патници кои сакаат да патуваат во Австралија преку туристичка виза, а на кои досега не им беше дозволен влез во Австралија.