Студентска виза за Австрија

Студентска виза за Австрија


На студентите кои сакаат да студираат во Австрија, а доаѓаат од земја членка на Европската унија, Европскиот економски простор и Швајцарија, не им е потребна студентска виза или дозвола за престој, а доколку сакаат да студираат повеќе од 3 месеци, треба да го регистрират својот престој. Студентите од трети земји кои сакаат да студираат повеќе од 3 месеци мора да имаат студентска виза, односно национална виза, како и дозвола за престој што им дава право на легален престој.

Апликацијата за студентска виза бара од студентот да биде запознаен со сите визни процедури и услови, како и да го испланира целиот процес внимателно и на време, за исходот да биде позитивен. По долгогодишна работа со студенти кои заминуваат на студии во странство, можам да ви го пружам потребното знаење и поддршка и да ве водам низ целиот процес, од уписот до аплицирањето за виза.

Работење во текот на студирањето

Меѓународните студенти во Австрија можат да работат пола работно време во текот на студиите
Студентите од ЕУ / ЕЕЗ и Швајцарија можат да работат до 20 часа неделно и не им е потребна работна дозвола (освен на хрватските државјани)
Студентите од трети земји кои имаат дозвола за престој исто така можат да работат 20 часа неделно, но потребно е да имаат дозвола за работа за која аплицира работодавачот

Процедура

Советување и избор на образовна институција и студиска програма
Подготовка на уписната документација и упис
Добивање на понуда од страна на образовната институција
Прифаќање на понудата и добивање потврда за упис
Аплицирање за студентска виза и подготовка за пат

Предности на студентската виза

Студентската виза за Австрија овозможува стекнување квалитетно образование и ценета диплома
Со студентската виза можете да работите за време на студиите и на тој начин да стекнете меѓународно работно искуство и вредни контакти
Студирањето во Австрија дава можност да го научите или да го подобрите вашето познавање на германскиот јазик
Студентската виза им овозможува на студентите да останат по дипломирањето и да најдат работа во Австрија
Можност за студентско искуство во една од историски традиционалните студентски дестинации

Услови за добивање на студентска виза за Австрија

  • Да сте запишани на студии на образовна институција во Австрија
  • Да сте финансиски способни да ги покриете трошоците за студирање и живеење во Австрија
  • Да имате соодветно здравствено осигурување за периодот на студирање
  • Да имате организирано сместување за периодот на студирање
  • Да сте личност со добар карактер и да не сте осудувани

Студирање во Австрија

Австрија е една од традиционалните студентски дестинации со долга историја и добро познат престиж. Австрија нуди врвно образование, висококвалитетни студиски програми и широки можности за студентите кои се стремат кон иновации и современо истражување. Повеќето студиски програми се нудат на германски јазик, но има и значajна понуда на програми на англиски јазик.

Опции за студирање во Австрија

Постојат различни опции за студирање во Австрија:

  • Курс по германски јазик
  • Основни академски студии
  • Мастер студии
  • Докторски студии

Адреса

Бизнис центар Евроцентар
Македонска 30, Белград 11000

Работно време

Пон-Пет: 09:00 - 17:00

Е-пошта

contact@elenasimic.net