Студентска виза за Шпанија

Студентска виза за Шпанија


Дали е потребна студентска виза за студирање во Шпанија и каков тип на виза е потребна, зависи од земјата на вашиот пасош и колку долго сакате да студирате. На студентите кои доаѓаат од Европската унија, Европската економска област и Швајцарија не им е потребна студентска виза за студирање во Шпанија, и само треба да го пријават престојот за да добијат дозвола за престој (НИЕ).

Студентите од трети земји мора да имаат соодветна студентска виза. За програми кои траат од 3 до 6 месеци, потребна е краткорочна студентска виза, а за студенти кои запишуваат студии кои што траат подолго потребна е национална, односно долгорочна студентска виза. Студентите со долгорочна виза по пристигнувањето во Шпанија мора да аплицираат за студентска картичка за странци (ТИЕ), која представува дозвола за престој.

Постапката за аплицирање и добивање на студентска виза бара посветеност, знаење и детална подготовка, со цел целиот процес да се одвива непречено и успешно. Со долгогодишната работа со студенти, имам доволно искуство и знаење и можам да ви помогнам водејќи ве низ целиот процес, од уписот до аплицирањето за виза.

Работење во текот на студирањето

  • Студентите кои студираат во Шпанија имаат право да работат 20 часа неделно за време на студиите
  • Студентите од ЕУ/ЕЕЗ и Швајцарија можат да работат без работна дозвола, потребно е само да се пријават во соодветната социјална служба
  • Студентите кои доаѓаат од трети земји имаат право на работа доколку добијат работна дозвола

Процедура

  • Советување и избор на образовна институција и студиска програма
  • Подготовка на уписната документација и упис
  • Добивање на понуда од страна на образовната институција
  • Прифаќање на понудата и добивање потврда за упис
  • Аплицирање за студентска виза и подготовка за пат

Предности на студентската виза

  • Студентската виза овозможува стекнување на квалитетно образование и ценета диплома
  • Можност за студирање на некоја од многу старите и ценети образовни институции во Шпанија
  • Студирањето во Шпанија е можност да го научите или да го подобрите вашиот шпански јазик
  • Студентите имаат можност да добијат работна дозвола, да работат за време на студиите и со тоа да стекнат драгоцено работно искуство
  • Студентската виза може да ви помогне да останете во Шпанија и да работите
  • Можност за личен развој во уникатно мултикултурно опкружување

Услови за добивање на студентска виза за Шпанија

  • Дa сте запишани full time на акредитирана образовна институција во Шпанија
  • Да имате соодветно ниво на образование за студиите кои што ги запишувате
  • Да сте во можност финансиски да ги покриете трошоците за студирање и престој во Шпанија
  • Да имате соодветно здравствено осигурување
  • Да имате организирано сместување за периодот на студирање
  • Да сте во добра здравствена состојба
  • Да сте личност со добар карактер и претходно да не сте биле осудувани

Студирање во Шпанија

Шпанија е една од најпопуларните европски студиски дестинации, која им нуди на студентите врвен образовен систем, голем избор на студиски програми од сите области на студии и квалификации кои се признати и ценети низ целиот свет. Во Шпанија, сите програми се нудат на шпански јазик, а покрај тоа има и голем избор на програми на англиски јазик. Покрај квалитетното образование, Шпанија привлекува голем број студенти поради поволните школарини и возбудливата медитеранска средина.

Опции за студирање во Шпанија

Постојат различни опции за студирање во Шпанија:

  • Курс по шпански јазик
  • Основни академски студии
  • Мастер студии
  • Докторски студии

Адреса

Бизнис центар Евроцентар
Македонска 30, Белград 11000

Работно време

Пон-Пет: 09:00 - 17:00

Е-пошта

contact@elenasimic.net