Работна виза

Работна виза за Австралија


Австралиската 457 виза е најпозната привремена работна виза која им овозможува на австралиските работодавачи да спонзорираат работници од странство за некои дефицитарни позиции. 457 виза е најчеста виза за вработување на странски работници.

Работната виза 457 може да се издаде најмногу до четири години и работното искуство стекнато во Австралија на оваа виза може да ви донесе траен престој во Австралија преку спонзорство од страна на работодавачот или преку програмот за миграција на квалификувани работници.

Постојат три чекори во процесот на аплицирањето за виза:

  • Спонзорство - работодавачите мора да добијат дозвола да спонзорираат и регрутираат работници од странство. Кога спонзорството е одобрено тоа важи три години и им овозможува на работодавачите да номинираат неограничен број работни места во овој период.
  • Номинација - работодавачите мора да ја номинираат секоја позиција која сакаат да ја пополнат со работници од странство. Номинацијата мора да се однесува на некоја од дефицитарните професии во Австралија на долгорочната или на краткорочната листа на дефицитарни професии (MLTSSL/ STSOL).
  • Аплицирање за виза - номинираните работници од странство мора да аплицираат за визата 457 за да влезат во Австралија. Апликантите на оваа виза мора да докажат дека се квалификувани за номинираната позиција и да им биде понудена плата која што не е помала од онаа наведена во номинацијата.

Битни информации за Работната виза за Австралија


Советување и подготовка на Визи за Австралија

Советување можете да закажете секој работен ден во мојата канцеларија или преку Skype или Viber, а претходно потребно е да пополнете прашалник за процена на вашиот профил.

Адреса

Бизнис центар Евроцентар
Македонска 30, Белград 11000

Работно време

Пон-Пет: 09:00 - 17:00

Е-пошта

contact@elenasimic.net